Компанијата, исто така, објави дека ќе ги блокира корисниците во Русија да пристапат до нејзината услуга за стриминг „Prime Video“ до натамошно известување. Покрај тоа, Амазон повеќе нема да прифаќа нарачки за „New World“, единствената видеоигра што компанијата ја продава директно во Русија.

Компанијата нагласи дека нема да соработува со центри за податоци, инфраструктура или канцеларии во Русија и дека има „долгогодишна политика да не соработува со руската влада“.

Во Русија повеќе нема да работат ниту Нестле и тутунските брендови Филип Морис и Империјал брендс. Тие се последните на списокот на мултинационални корпорации кои се повлекоа од Русија по зголемениот притисок врз западните компании да заземат став за руската инвазија на Украина.

Претходно работата во Русија ја суспендираа и Мекдоналдс и Старбакс, а на листата компании се најдоа и Пепси, Кока Кола, Хајнекен, Ејч енд ем, Спотифај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.