Пејачката со албанско потекло Бебе Реџа беше погодена со телефон во лице на еден концерт, а поради тоа таа мораше да оди на шиење.

Имено, некој од публиката ја погодил со мобилен телефон на концертот во Њујорк.

Пејачката настапувала во розов комбинезон кога тргнала накај публиката, со рацете правејќи двоглав орел, за да веќе во наредните моменти до неа долета мобилен телефон кој ја погодил во лице.

Пејачката изгубила рамнотежа, се обидела да продолжи да пее, но потоа се срушила на колена. Веднаш од тимот истрчале да и помогнат и ја тргнале од бината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.