Деновиве на социјалните мрежи повторно се шири видео од конфликт меѓу две жени од плажа на непозната локација.

Видеото досега собра стотици илјади прегледи и луѓето не престануваат да го коментираат однесувањето на една од жените.

Не дозволувај твојата ќерка да го покажува својот задник околу мојот четиригодишен син. Таа има 13 години. Не сакам да му се прикажува на син ми – викнала „дамата“ од плажа на жената која снимаше се. Шокираната жена под вербален напад се обидела да ја смири ситуацијата:

Но, таа е на плажа и носи костим за капење – мирно одговори таа.

Каква мајка дозволува детето да покаже толку многу – бесната жена продолжи со нападот

Тоа е костим за капење – повтори мајката на 13-годишното девојче

Не, тоа е танга! – продолжи бесната мајка на четиригодишното дете.

Во разговорот потоа се вклучила пријателката на „агресивната жена кој се обидела да ја смири ситуацијата. Дури и некои од посетителите од плажата и сугерирале на бесната жена дека греши, дека костимот е сосема нормален и дека се на плажа. Но, тоа не ја спречи во понатамошни напади. Таа почна со закани.

Ќе те нокаутирам. Што ќе правиш тогаш? Дали видеото ќе ти помогне? Јас имам син, ти немаш. Тој не мора да зјапа во нејзе. Ако мојот син ја силува твојата ќерка кога ќе порасне, тоа не е мој проблем – го завршува својот луд монолог бесната жена.

Нејзиното однесување веднаш го осудија многу интернет корисници, а некои се сомневаат дека била под дејство на алкохол…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.