Ајкула нападна и уби 16-годишно момче од Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти.
Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на полицијата.
Лани имало вкупно 69 (потврдени и неиспровоцирани) нападите од ајкула ширум светот и 14 смртни случаи, се вели во извештајот. Во јули, сурфер ја загуби ногата по напад крај брегот на Австралија. Само еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина по напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи. Во јануари, и млад рибар кој нуркал кај пацифичкиот брег на Мексико бил убиен од ајкула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.