По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот” која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето.
Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.
Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот – изјави Метин Муареми од ЦЕД.
Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.