Околу шестотини учесници, 25 културно-уметнички друштва од пет земји ( Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово) учествуваа на 16-по ред традиционален меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ кој се одржа викендов во манастирскиот комплекс „Св. Ѓоргија“ во с.Ораовица, Радовишко.

Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, а општината беше и генарален покровител на истиот.

Гран при на овој културен настап освои КУД „ Абрашевиќ“ од Параќин, Прво место КУД„ Етнос“ од Скопје, Второ место КУД „Китка“ од Истибања и Трето место „Китка “ од Драчево. КУД „Китка“ од Ораовица како организатор и домаќин настапи ревијално, а неделава ќе патуваат во Швајцарија каде ќе настапат пред нашите иселеници. Водителка на настанот беше Александра Велинова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.