Трета година по ред, најубаво украсен град е Крива Паланка, град, кој веќе ги навикна на убавина не само жителите во државава, туку и од Бугарија и Србија.

Но, ако изминатите години се зборуваше за најубаво украсен плоштад, оваа година со гордост може да се каже дека новогодишно блесна целиот град.

Кога се шетаме низ град имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола. Толку е убаво украсена. Цел град е накитен, влез, излез, главната улица, паркот и плоштадот. Преубаво е. Оваа година е уште поубав од лани и преклани. Освен главното облежје-елката, стандардните куќички, новогодишни украси, блеска каде и да се свртиш, се фалат кривопаланчани.

А за да се направи убавина не е се до парите, напротив и со помалку задоволството може да биде големо. Затоа низбежно е а да не се праша колку чини ова задоволство.

Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а  оваа година новогодишното украсување е само со средства од  општината. Издвоивме милион и пол денари од буџет на општина, вели градоначалникот Сашо Митовски.

Но, овие пари, секако не се потрошени само за украсите, дел од овие пари ќе бидат потрошени за  новогодишниот базар, за новогодишната музичка програма и за деца и за возразни. Оттаму истакнуваат дека акцентот е ставен на најмалите, што значи дека најголем дел од планираните забави ќе бидат посветени на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.