Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро, ќе се одржи денеска на плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска), со почеток од 10 часот. За заинтересираните е обезбеден превоз од Скопје до Охрид и назад. Во текот на целата акција, сите учесници ќе имаат на располагање освежување и оброци. Организаторот обезбедува и потребна опрема за чистење, како што се ракавици, вреќи за отпад и други материјали.
Нашето непроценливо природно богатство заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина. Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина, истакнуваат од „Скопско“.
Иницијативата на организаторот е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.