ДОМ заедно со данските зелени во текот на минатиот викенд одржа конференција на тема „Преку европски искуства до зелени вредности дома“. Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а свои презентации од ДОМ имаа и Христина Оџаклиеска и Ервин Реџепагиќ, додека од Зелено левата партија на Данска се обратија Нилс Хакстхаузен, Тогер Лаутруп Кнос и Кристине Амали Ростгард.

Темите на кои се зборуваше на конференцијата се однесуваа на усогласеноста на македонското законодавство со директивите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и во контекст на примена на одредбите од Европскиот Зелен Договор, предизвиците во имплементација на постојните законски решенија на локално и национално ниво, како и енергетската ефикасност и можноста за формирање енергетски задруги од страна на граѓаните и бизнисите, а на иницијатива на ДОМ, со цел да се забрза процесот на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија.

На работилниците во рамки на конференцијата се дискутираше и на темите од областа на управување и справување со опожарените шуми и дивата сеча со цел да се заштити биодиверзитетот во тие подрачја, како и управувањето со отпад на регионално и локално ниво.

Заклучоците кои се носеа во текот на сите дискусии беа во функција и ќе бидат имплементирани во Изборната програма на ДОМ за претстојните парламентарни избори.

 

На крајот од конференцијата беше изразено задоволство од споделените искуства и насоки за креирање зелени политики и се истакна дека ваквиот тип на соработка помеѓу ДОМ и Зелено левата партија од Данска ќе се продлабочи и продолжи на долг рок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.