Британската кралица Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.
-По претрпените симптоми на настинка, Нејзиното Височество e позитивнa на тестот за коронавирус – се наведува во соопштението.
Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани, пишува Sky News.
Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон кое ја прослави својата стогодишнина и библиотеката Телфорд подоцна истиот ден. Сепак, во меѓувреме и се слоши, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.