Биковите важат за еден од хороскопските знаци чии претставници се трпеливи и амбициозни, но и тврдоглави. Биковите вообичаено не сакаат изненадувања и најчесто се трудат да се држат до својата рутина.

Ѕвездите може да ни откријат многу за карактеристиките што ги имаат жените родени во знакот на Бик.

Главни карактеристики

Жената Бик е родена во земјен знак, а управувана од Венера, која е позната како планета на љубовта, убавината и естетиката. Бикот е главен знак на родените во овој знак што значи дека тие се цврсто убедени во своите ставови и речиси никогаш не прават компромис во однос на своите верувања и вредности. Секогаш кога треба да го направат тоа, ќе влезат во дебата и ќе објаснат зошто не е потребно никој да ги убедува да се менуваат.

Биковите не сакаат кога луѓето им наредуваат или им даваат правила кои треба да ги следат. Тие се знак кој е принципиелен и ги следи правилата, но само оние во кои тие цврсто веруваат и кои за нив имаат смисла.

Жените Бикови уживаат да минуваат време во домот, а кога излегуваат сакаат тоа да е на познати места, со луѓето кои им значат. Ним не им е важно да знаат премногу луѓе, ниту пак сакаат да имаат многу пријатели, бидејќи не само што не им е важен квантитетот, туку и не им веруваат премногу на луѓето.

Добри страни

Жените родени во овој знак се амбициозни, лојални и одговорни. Тие се личности на кои секогаш можете да се потпрете. Ако ви е потребна практична личност во вашиот живот, која работите ќе ги разгледа од различни перспективи, тоа се жените родени во овој знак.

Тие се нежни кон другите и многу љубезни. Некогаш им е потребно многу време за да се отворат пред другите, но навистина сакаат фа се претпазлива. Тие не сакаат пребрзо да се врзат за другите луѓе, бидејќи сакаат по секоја цена да избегнат да бидат повредени.

Лоши страни

Тие не се авантуристки, не се спонтани или флексибилни. Едноставно не ги сакаат неизвесноста и промените. Новите ситуации ги плашат и не знаат како да се справат со нив. Ако сакате да ги убедите да направат нешто ново, ќе им бидат потребни многу информации, но и време додека да ја донесат својата одлука. Ако тоа вклучува многу активности и новини за нив, повеќе би сакале да останат дома.

Жените родени во овој знак некогаш се однесуваат себично. Тие секогаш се ставаат себеси на прво место и затоа некогаш делуваат студено за другите. Некогаш кажуваат злобни нешта без да размислат како тоа ќе звучи за другата личност, но не се многу свесни за тоа што го прават. Тоа е така бидејќи ја ценат искреноста и не сакаат да ги засладуваат своите зборови.

Какви се кога се заљубени?

Пред да се заљубат, тие се навистина трпеливи. Нема да се втурнат во врска по секоја цена, без добро да ја запознаат личноста која им се допаѓа. Во однос на ова, тие се бавни и трпеливи. Повеќето од нивните љубовни врски почнуваат од пријателства.

Она што ги прави среќни е старомодна љубов и романса која постои во старите книги и филмови. Не сакаат големи и грандиозни гестови, туку мали нешта со кои ќе го освоите нивното срце. Имаат високи стандарди за тоа каква треба да биде личноста со која сакаат да бидат.

Какви се како пријатели?

Во пријателствата, тие се еден од најлојалните знаци во хороскопот. Тие се искрени и посветени и ним не им се потребни премногу пријатели. Сакаат некој кому можат да му веруваат и кој нема да го искористи она што го кажале или направиле против нив. Ако сте нивни пријатели, треба да знаете дека некогаш тешко ќе ги извадите од својот дом. Тие сакаат сигурни активности, познати места и не сакаат да експериментираат.

Ако ви веруваат, тие се најголемите пријатели кои би можеле да ги имате, за цел живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.