Новата месечина во Лав нè очекува денеска во 11:38 часот, а симболизира нов почеток за сите хороскопски знаци. Астролошки гледано, денес е моментот кога треба да направите нов план кој ќе може да се спроведе во интервалот од следните две недели.
Лавот е астролошки знак кој често се поврзува со квалитети како страст, креативност, самодоверба и експресивност. Кога младата месечина ќе се случи во знакот Лав, таа може да донесе посебно енергетско влијание.
Дознајте како Новата Месечина ќе влијае на вашиот хороскопски знак:
ОВЕН
Ова е важен астролошки период кој ви носи нов почеток во љубовта. Поволен дел од годината за работа на проширување на семејството.
БИК
Младата месечина во четвртата куќа ви носи семејни настани и можност за крај на компликациите околу станот.
БЛИЗНАЦИ
Добар период за да направите план за есен. Ова е и можност да донесете одлука која долго време ја одложувате, но и да разговарате со личност која ви е важна.
РАК
Одличен период за финансиски трансакции и правење план за дополнителна заработка.
ЛАВ
За вас ова е најважното астролошко влијание бидејќи младата месечина е во вашиот знак, па можете да направите лична промена. Тоа е форма на само-работа.
ДЕВИЦА
Младата месечина ве носи да се соочите со вашите лични стравови, па ќе можете да ги надминете пречките. Веројатно ќе успеете да создадете внатрешна рамнотежа.
ВАГА
Младата месечина ви носи прекрасно пријателство. Исто така, ќе успеете да ги остварите вашите очекувања, но можеби и да добиете покачување.
ШКОРПИЈА
Младата месечина симболизира нов почеток на работа. Тоа е можност да ги реализирате вашите амбиции за кариера.
СТРЕЛЕЦ
Одлично време од годината за патување и заминување во странство. Ваквото патување може да ви го промени животот.
ЈАРЕЦ
Одлична можност за решавање на наследните прашања. Исто така, можете да добиете спонзорство за проект кој е важен за вас.
ВОДОЛИЈА
Промена во партнерските односи. Нешто треба да се смени помеѓу вас и вашиот партнер, а тоа конечно ќе се случи почнувајќи од денес. Работете на подобрување на врската.
РИБИ
Позитивна промена на работа. Сега е време да се имплементира бизнис план кој е на чекање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.