Ноќта помеѓу 6 и 7 март небото ќе го осветли полната Месечина во Девица, што ќе ни донесе специфична енергија со акцент на продуктивноста и желбата за подобрување, по долгата сезона на мечтаење.

Оваа полна Mесечина најмногу ќе влијае врз Близнаците, Девицата, Стрелецот и Рибите, а еве што му носи на секој од овие хороскопски знаци поединечно:

Близнаци

Полната Месечина ќе влијае на вашата четврта куќа, домот и семејството. Ѕвездите ве охрабрувааат да ги анализирате различните начини на кои можете да придонесете во вашиот дом. Иако генерално не се грижите за планирањњ и организирање, ќе бидете инспирирани добро да ја искористите вашата комуникативна и љубопитна природа кога станува збор за вашиот животен простор. Без разлика дали ќе го реорганизирате мебелот или ќе се подготвувате за целосно реновирање, сигурно ќе бидете полни со енергија и желба за акција. Накратко, ова е периодот кога ќе го запоставите деловниот и ќе му дадете приоритет на семејниот живот. Внимавајте, можно е да добиете лоши вести во врска со недвижностите.

Девица

Акцентот ќе биде ставен на враќање на вашата продуктивна природа, затоа очекувајте полни раце работа. Подгответе се за кризни ситуации со многу стрес, затоа пробајте да си ги ограничите обврските за да издржите сè психолошки. Може да бидете расеани и малку „изгубени“ и да почнувате неколку работи истовремено, од кои ниту една не завршувате. Подобро е да ја имате на ум големата слика и да ги завршувате задачите една по една. Може да се соочите со повеќе конфликти во врската со саканата личност.

Стрелец

Ова е периодот кога ќе ги засукате ракавите и ќе вложите големи напори во кариерата или во некое ваше хоби. Обично ѝ давате предност на крајната цел пред ситниците, но ова е момент кога всушност треба да обрнете внимание на малите нешта – не ги занемарувајте. Имајте на ум дека ова не е период кога треба да правите некој посебен или голем план за акција, оставете го тоа за следниот месец. Добрата вест е што ќе добиете покачување или унапредување, но од друга страна, можете да очекувате проблеми во семејството.

Риби

На 7-ми март, полната Mесечина ќе ја осветли вашата седма куќа – на романтичните врски. Toa ќе ве поттикне да се и реорганизирате во оваа област. Овој период ќе биде обележан и со вашата желба и потреба да им угодите на другите, можеби тоа ќе биде помош за партнерот или вреден совет за пријател. Иако сега е одлично време да бидете достапни на другите и тоа ќе ви се исплати повеќекратно, не занемарувајте ги сопствените потреби. Можно е да дојде до голем емотивен пресврт – веридба или свадба или раскинување; тоа секако ќе биде настан кој емотивно ќе ве потресе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.