Летото полека си заминува, а септември е предвесник на новата сезона и на нови почетоци. Астролозите овој пат ни откриваат кои три знаци ќе имаат среќа со парите и ќе уживаат оваа есен во благосостојба.

Овен

Овенот треба да се вклучи во самоподобрување во деновите од септември. Секој курс, семинар или студија ќе даде резултати и ќе ви се врати повеќекратно. Тоа би можело драстично да влијае на вашата финансиска состојба во позитивна насока. Вашата трудољубивост нема да остане незабележана, можно е да добиете покачување или претпоставените да ви понудат подобра позиција.

Близнаци

На вредните Близнаци не им треба среќа или ѕвезда: дефинитивно знаат да заработат пари. Сепак, во деновите на септември судбината ќе им подари дополнителна насмевка и ќе им даде можност да заработат уште повеќе пари. Исто така, ова е месецот кога претпоставените конечно ќе обрнат внимание на вас и на вашата работа, а тоа би можело да ви донесе многу придобивки.

Стрелец

Судбината подготви подароци од поинаков вид за Стрелец – многу корисни и ветувачки познаници. Обрнете внимание на луѓето кои се појавуваат во вашиот живот, некои од нив се билет за добра заработка. Финансиската состојба ќе ви се подобри, а во тоа дефинитивно улога ќе имаат некои познаници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.