Август нема да биде полн со важни астролошки настани како што беше јули, но според сите пресметки, може да биде помалку погоден за важни одлуки

Во текот на август 2022 година ќе има неколку исклучително влијателни и моќни планетарни транзити, а ќе има и полна Месечина во Водолија. Астролозите објаснуваат што ни носи сето ова.

1-ви август

Спој на Марс и Уран

Се очекува овој ден да донесе многу непријатности бидејќи најлошото може да излезе на површина – кај луѓето, во нивните меѓусебни односи.

Пред се, благодарение на Уран се очекуваат пресврти и значајни промени, а воинствениот Марс би можел се да направи неповолно. Можни се бурни реакции, па добро размислете за се на првиот ден од август и измерете двапати.

11-ти август

Венера во Лав

Сите хороскопски знаци ќе го почувствуваат негативното влијание на оваа транзиција, а најтешко ќе биде на самиот ден на транзит. Очекувајте и највеликодушните да покажат себичност, да почувствуваат ароганција таму каде што обично ја нема. Сè што е негативно ќе биде уште понегативно!

Не е добро време за нови познанства, а 11-ти август е и ден кога треба малку повеќе да размислиме што ќе кажеме бидејќи ненамерно може да повредиме некого.

12-ти август

Супер-Месечина во Водолија

Полната месечина во август ќе биде во знакот на Водолија, што и не е толку лоша положба, но важните работи дефинитивно треба да ги одложите за подоцна бидејќи ваквата месечина може лошо да влијае на повеќето знаци од Зодијакот.

Ни случајно не преземајте поголеми ризици на денот на почетокот на полната месечина.

20-ти август

Марс во Близнаци

Уште еден многу негативен ден, кој особено ќе влијае на се што бара концентрација и мир. Марс ќе ни овозможи да бидеме опуштени и мирни, а ова е многу лош период за интелектуална работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.