ОВЕН
Ноември не е најдобро време за овните. Може да ве вознемируваат воспаленија на носот и на грлото, застои во работата на бубрезите и на цревата, а во случај на зголемено емоционално оптоварување и главоболки. Мир и урамнотеженост ќе бидат влог за добар имунитет и ќе ви помогнат ситуацијата да ја држите под контрола.
БИК
Во почетокот на ноември за родените во знакот Бик контраиндицирано е излежувањето. За нормална работа на сите органи и системи се потребни долги прошетки или тренинзи во спортска сала. Во спротивно, можни се проблеми со крвотокот, застој во работата на бубрезите и на мочниот меур.
БЛИЗНАЦИ
Во доцна есен, особено по дожд и лапавица, на Близнаците им е тешко да се опуштат. За зачувување на здравјето и на доброто расположение важно е да се држите до дневниот распоред, да комбинирате работа и одмор, но и да не го правите она што не го сакате. Во спротивно ќе се јават психоемоционални стеги.
РАК
Во ноември раковите се во свој елемент. Најважно е сите неочекувани непријатности да ги прифатите филозофски: „И тоа ќе помине“. За да се ослободите од негативните емоции и мисли, ќе ви помогне престој на свеж воздух, но без претерување, бидејќи се можни болки во грбот.
ЛАВ
За зачувување на доброто здравје за родените во знакот Лав во ноември многу е важна диеталната исхрана: комплетно исфрлете ја сувата, ладна и претерано пикантна храна. Немојте да го преоптоварувате кардиоваскуларниот систем, намалете ги физичкото и емоционалното оптоварување. Бидете дисциплинирани!
ДЕВИЦА
На девиците ноември не им навестува големи непријатности со здравјето. Па, сепак, тежнеењето да испробате на себе нови методи на закрепнување и диети не само што може да предизвика труење туку може да има и потешки последици. Затоа, не експериментирајте со здравјето! Верувајте им само на стручни лица.
ТЕРЕЗИЈА
Вообичаениот начин на живот на припадниците во знакот Терезија во овој период од годината може да им предизвика несоница. Можни се тешкотии во работата на цревата (запек). За да го одржите здравјето на потребното ниво, неопходно е да го усогласите умствениот труд со секојдневните физички напори, и тоа на свеж воздух.
СКОРПИЈА
На повеќето родени во знакот Скорпија моментално им се чини дека нивната животна сила и резервите на енергија им се неисцрпни. Едноличната исхрана, без доволно витамини и микроелементи, како и нередовните оброци, може да ја наруши работата на системот за излачување и да предизвика болести на уринарниот тракт.
СТРЕЛЕЦ
Организмот на стрелците чувствува недостиг од енергија за решавање на настанатите проблеми. Ве мрзи дури и да се позанимавате со своето здравје. Не грижете се: тоа е вашата природна состојба во годишниот животен циклус. Ќе закрепнете со помош на квалитетна исхрана, умерен физички напор и медитација.
ЈАРЕЦ
Во овој период јарците не би смееле да бидат толку безгрижни спрема своето здравје. Најважно е да ја сфатите неопходноста од редовен одмор и рационална исхрана. Зголемен апетит може да предизвика таложење на килограмите, што ќе се одрази негативно на работата на ендокрините жлезди.
ВОДОЛИЈА
На Водолиите им е тешко да управуваат со своите емоции. Преголема импулсивност и какви било неуспеси може да доведат до нервен слом. Најдобриот совет е прво да размислите, а потоа да зборувате. Се препорачуваат физички напори, контрастно туширање, како и руска парна бања.
РИБИ
За рибите почетокот на ноември е одлично време да се позанимаваат со старите хронични болести. Најдобро е да одите во болница или во некое бањско лекувалиште. Во исхраната мора да бидат застапени намирници како елда, како и зеленчук и овошје со живи бои (цвекло, морков, јаболка и друго).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.