Овен

Овенот ужива во животот без разлика на температурата и временските прилики. Не може да го сопрат ниту температурата која е под нулата, ниту пак снегот до колена за да ги оствари своите замисли. Санкање, борба со снежни топки и правење снешко се неговите омилени активности во зима. Овенот едноставно обожава снег.

Бик

Биковите ја сакаат природата, па прошетките рано наутро низ снегот им се омилени во текот на зимата. Тие не се заинтересирани за борбата со снежни топки или санкањето, па попрво ќе се наместат пред топлиот камин и ќе пијат топол чај или чоколадо и преку прозорецот ќе ги набљудуваат другите како се забавуваат на снегот.

Близнаци

Близнаците се лесно прилагодлив знак. На нив подеднакво им одговара сончањето во лето и борбата со снежни топки во зима. Романтичното шетање и уживањето во снежните радости, како што се на пример санкањето или борбата со снежни топки, за нив претставува идеално неделно попладне со своето семејство или пријателите.

Рак

Ракот е голем емотивец кој обожава да биде во кругот на семејството во текот на зимските празници. Но, снежните радости не се на самиот врв на неговата забава. Поголем дел од времето поминува пред телевизорот, гледајќи стари филмови, отколку надвор на снегот.

Лав

Лавовите како огнени знаци обожаваат постојано да бидат во движење и помеѓу луѓе. Зимските радости се како создадени за него, бидејќи Лавот е на снегот уште кога ќе паднат првите снегулки. Борење со снежни топки, санкање и правење снешко заедно со пријателите и комшиите е идеален зимски одмор за него.

Девица

За сериозните и педантни Девици снегот не претставува возбудување и радост. Таа не ја гледа магијата на снегот, туку само чистењето што ја чека. Најомразено годишно време за Девицата е зимата. Таа единствено ќе ужива во добрите божиќни колачи пред разгорениот оган.

Вага

Организираната Вага секогаш подготвено ќе ја дочека зимата. Тие веќе имаат на себе капа, ракавици, јакна и чизми, во кои ќе ги чекаат првите снегулки. Вагата ќе ужива во снегот и во снежните радости. Прошетките, свежиот воздух и грееното вино за неа претставуваат најголема радост.

Скорпија

Скорпијата ужива во зимските радости. Нејзината љубопитност ќе излезе на површината кога ќе се упати кон улиците кои не се исчистени од снегот и ќе ги повика своите пријатели во борба со снежни топки. Ги обожава зимските спортови и секогаш со задоволство ќе замине на некоја планина на скијање.

Стрелец

Зимата може да го разбуди детето во Стрелецот. Штом падне првиот снег, тој веќе е надвор со целата опрема за борба со снежни топки и санкање. Своите пријатели, но и семејство ќе ги убедува да излезат со него надвор на снегот, без разлика колку време ќе му биде потребно. Зимата е неговото омилено годишно време.

Јарец

Иако Јарецот е вистински зимски знак, снежните радости не го веселат. Тој попрво би го поминал денот во топлината на својот дом, на каучот пред телевизорот и добра храна, или ќе побегне на некое место каде што ќе ужива во сонцето, високите температури, сауните или базените. Тој снегот ќе го набљудува само низ прозорецот или додека го чистат од паркингот.

Водолија

Водолијата е една од оние знаци кои го обожаваат снегот и снежните радости. Таа ужива во свежиот воздух, недопрената природа и снегот, па ќе се обиде да го собере своето семејство и пријателите за заедно со неа да уживаат во снежните радости, борејќи се со снежни топки и санкајќи се по цел ден.

Риби

Рибите сакаат снег, но не поради снежните радости, туку затоа што може да го преспијат целиот ден. Тие ќе уживаат во зимските пејзажи, но само од топлината на својот дом. Освен спиењето, Рибите навистина уживаат во семејните новогодишни и божиќни филмови и колачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.