Сите дванаесет месеци од 2023 година ќе бидат обележани со борба за моќ, успех, пари и љубов, велат астролозите, кои имаат совет за секој хороскопски знак.

Овен

Овенот дефинитивно треба да избегнува врски на далечина во овие дванаесет месеци. Овој тип на врска може да има прилично негативен ефект врз самодовербата и да доведе до длабока нервоза и анксиозност. Меѓу другото, лицата родени во овој знак треба да внимаваат на финансиите.

Бик

Биковите би можеле да имаат нови финансиски можности веќе на почетокот на годината. Колку помалку луѓето знаат за тоа, толку подобро. Од друга страна, ќе биде турбулентно во љубовните врски. Но, планетите ќе му помогнат на Бикот да го смени статусот, кој ќе гласи – „Во врска“.

Близнаци

Љубовта ќе стане главен приоритет во животот на Близнаците. Наредната година ќе биде одлично време за комуникација и барање сродна душа. Што се однесува до работата, бизнисот и финансиите, сè ќе биде стабилно во поголемиот дел од годината, но и покрај тоа лицата родени во овој знак треба да бидат особено внимателни со одлуките.

Рак

Почетокот на годината ќе биде обележан со илузорно чувство на финансиска спокојство. Но, всушност тоа ќе биде погрешна перцепција на реалноста. Раковите треба да внимаваат да не го изгубат она што претходно го постигнале. Остатокот од годината ќе биде исклучително продуктивен и финансиски успешен.

Лав

Лицата родени во овој знак ќе имаат потреба од методичност, трудољубивост и одговорност. Во љубовта, пак, сè директно ќе зависи од нивното расположение.

Девица

Првата половина од годината ќе биде исклучително продуктивна за луѓето родени во овој знак. Во овој период тие можат полесно да најдат работа или да бараат нови извори на приход. Од средината на летото, пак, можно е да започне период на креативна и интелектуална стагнација. Во љубовта, Девиците мора да бидат искрени и отворени. Ова особено важи за оние кои сè уште не ја пронашле сродната душа.

Вага

Планетите и ѕвездите во 2023 година на луѓето родени во знакот Вага ќе им дадат дар на убедување. Ова ќе биде корисно на финансиско поле, особено за време на преговорите. Сепак, важно е тие да не го користат за измама и манипулација.

Скорпија

Во текот на наредната година Скорпиите ги очекува голема среќа во поглед на љубовта. Покрај другото, доколку тие не посветат многу време на интроспекција и размислување за минатото, ситуацијата исто така ќе се промени на подобро и во поглед на финансиите и работата и тоа уште на почетокот на годината.

Стрелец

Стрелците во 2023 година треба да се воздржат од непотребно осудување и критикување на другите. Тие, исто така, мора да бидат пољубезни за да ја привлечат и задржат љубовта. Освен тоа, добро би било навремено да ги извршуваат работните обврски за да не наидат на финансиски загуби.

Јарец

Луѓето родени во овој знак често ќе мора да се занимаваат со финансиски работи во 2023 година, чиј резултат ќе биде непредвидлив и ќе зависи од многу фактори. Астролозите им препорачуваат почесто да им се обраќаат на други луѓе за помош и да не избрзуваат со заклучоците. Во поглед на љубовта, пак, отвореноста во комуникацијата ќе им помогне да ги надминат пречките и да започнат нови врски или да ги зајакнат постоечките.

Водолија

Водолиите ќе можат да успеат и на љубовен и на финансиски план, но важно е да се направи разлика помеѓу овие области затоа што не е можно да се обидат да успеат во сè и секаде одеднаш. Освен тоа, нив ги очекува и голем успех во поглед на кариерата.

Риби

Енергијата на планетите на почетокот на годината нема да биде најдобра за финансиски активности. На љубовен план сè ќе биде релативно мирно, поволно и предвидливо, но дури од април. Во јануари, февруари и март, секоја невнимателна забелешка за саканата личност може да предизвика болна реакција од нејзина страна. Истото може да се случи и на самиот крај на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.