Овен

Овенот нема нерви за мирно лежење на плажа и сончање. До 10 часот наутро тој веќе препливал до првото островче, се пријавил на турнир во одбојка на песок и ја испланирал вечерната забава. Ако го видите како се мурти, најверојатно до него се сместила фамилија со прегласни деца кои кај и да е ќе почнат да сечат лубеница и да прават сендвичи на плажа.

Бик

Биковите ќе ги препознаете по тоа колку работи носат со себе. Ако не најдат место на ладовина, тие ќе го понесат најголемиот чадор за сонце и мало фрижидерче полно со енергетски пијалаци. Ако сакате да го развеселите Бикот, купете му сладолед, бидејќи припадниците на овој знак обожаваат слатки работи.

Близнаци

Близнаците се многу забавни. Тие едвај чекаат да стигнат на плажа за да започнат разговор со непознати луѓе, без разлика дали станува збор за убод од медуза, новиот летен хит или ненормално високата цена на пицата во локалниот бар. Не можат да седат мирни ниту 5 минути, па затоа ако не разговараат со вас, најверојатно ќе го чепкаат телефонот, ќе читаат списание или ќе лижат сладолед.

Рак

Раковите одбираат плажи со најчиста вода и многу луѓе. На плажа сакаат да бидат невидливи. Го ставаат најголемиот шешир на глава и очила за сонце и се преправаат дека читаат книга додека ги прислушуваат разговорите во нивна близина.

Лав

Кралот на животните обожава да има публика, па затоа на плажа задоволно парадира со новиот костим за капење, торбата за на плажа или најновата книга. Лавовите привлекуваат внимание на големите плажи, но и на скриените места со мал број луѓе. Лавиците го соблекуваат горниот дел од костимот за капење кога никој не ги гледа, а немаат проблем ни со тоа да посетат нудистичка плажа.

Девица

Девиците не го знаат значењето на зборот „неподготвеност“. Тие уште однапред го испланирале точното место каде што ќе се сончаат, кремата што ќе ја нанесат и пешкирот на кој ќе одмораат. Можат да поминат со часови во море особено ако се работи за скриено место помеѓу високи ридови.

Вага

Вагите се дотерани дури и кога одат на плажа. Тие имаат беспрекорни костими за капење, најмодерни очила за сонце и внимателно направена фризура поради која се разбудиле половина час порано и покрај тоа што се на годишен одмор. Најлошото нешто што може да им се случи на Вагите е да отидат на мала плажа каде што нема да има доволно луѓе кои ќе им се восхитуваат.

Скорпија

Скорпиите кои отишле на одмор со нивните партнери попрво ќе пројават интерес за секс на плажа отколку за нуркање и барање школки. Сингл Скорпиите ќе ја фрлат својата мрежа уште првиот ден и ќе ја пронајдат личноста која сакаат да ја освојат. Како ќе ги препознаете Скорпиите? Тие ќе држат крема за сончање во раце и невино ќе замолуваат привлечни странци да им го намачкаат грбот.

Стрелец

Стрелците скокаат со падобран, скијаат на вода, се возат на педалинки и немаат време за излежување на плажа. Тие одат на сонце во најтоплиот период од денот, бидејќи сакаат да се вратат дома со впечатлив тен. Малку ги нервираат пријателите, бидејќи секој ден им предложуваат нова авантура на ново место.

Јарец

Јарецот не може да оди на плажа без својот лаптоп, но наместо да одговараат на работни имејлови, тие ги читаат најновите вести што се случуваат во светот. Обожаваат да лежат во ладовини, да читаат книги и со пола уво да слушаат што разговараат луѓето во нивна близина.

Водолија

Кога се со нивните партнери, Водолиите се навистина пристојни. Времето го поминуваат во пливање, нуркање и сончање. Но, ако се во друштво на пријатели, тие се однесуваат како да се наоѓаат во ноќен клуб. Може да се случи да заспијат на песок, па поради тоа да изгорат на сонце.

Риби

Ако некој ги обожава плажите и морето, тоа се романтичните Риби. Тие се подготвени да се разбудат уште во зори за да уживаат во костим за капење во прекрасна атмосфера. Целиот ден го поминуваат на плажа, уживајќи на песокот и пливајќи во морето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.