Луѓето кои се родени во мај се припадници на хороскопските знаци Бик и Близнаци. Тврдоглавоста е главна карактеристика на сите и колку да не го прифаќаат тоа.

Ќе прават тоа што сакаат и кога сакаат. Психолошки и емоционално се многу стабилни, големи сонувачи се и мотиватори. Ги краси совршениот изглед и многу се паметни.

Ова се 4 типови на луѓе кои се родени во мај:

Група родена од 1-ви до 8-ми мај

Многу се модерни и сестрани. Веруваат дека во животот е потребно во се да се пронајде баланс. Кога станува збор за нивното мислење и идеи тие се оптоваруваат со предрасудите. Овие луѓе се родени под среќна ѕвезда па доколку сакате да добиете на лотарија земете си некоја личност со вас која е родена во овој период од месец мај. Некогаш изгледаат на затворени затоа што често се уморни од бурниот друштвен живот. Кога станува збор за работата, на овие луѓе секоја работа им оди од рака.

Група родена од 9-ти до 15-ти мај

Личности кои постојано се во движење и сакаат да патуваат, затоа често го менуваат местото каде што се наоѓаат. Тие се личности со силен темперамент и некогаш се многу екстремни. Со променливо раположение се, полни со емоции и љубов кога станува збор за нивното семејство, а често се склони кон полигамија.

На овие луѓе загарантиран им е просперитетот и богатството. Својот мир го наоѓаат во природа или на село. Многу се одговорни кон семејството, свртени кон културата и традицијата. Успешно ги завршуваат сите свои цели.

Група родени од 16-ти до 22-ри мај

Овие луѓе не се отворени за нови работи па често се среќаваат со неуспеси. Сепак ги следи добар живот затоа што имаат среќа која резултира со добри животни услови. Многу се емотивни и ќе направат сè за своето семејство. Обожаваат природа, планини, билки и зелена боја.

На работа обично имаат позиции кои се покомплексни. Некогаш ќе ве изненади нивната сериозност и конкретност. Најмногу ги погодува губење на некој член од семејството.

Група родени од 23-ти до 31-ви мај

Тие дефинитивно се најдобри. Секогаш имаат насмевка на лицето. Зборлести се и имаат смисла за хумор. Имаат големо срце, некогаш знаат да имаат краток фитил и да бидат нервозни, но тоа се случува многу ретко. Во работата ги привлекува архитектура, дипломатија, банкарство.

Размислуваат „сто на час“ и многу се паметни. Никој не може да им ја одземе титулата на популарност во друштвото. Во комуникација со другите се многу искрени. Жените родени во овој период се многу темпераментни. Некогаш се многу рационални, а некогаш емотивни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.