Рускиот астролог Павел Глоба почна да ги објавува своите астро предвидувања на почетокот на 80-тите години на минатиот век, а славата ја стекна бидејќи најчесто неговите предвидувања се исполнети, па затоа важи за астролог кој речиси никогаш не промашува.
Според него, за овие три знаци 2023 година им носи просперитет, љубов и пари, па ќе исполнат сè што планираат.
Близнаци
Најголемата среќа им се насмевнува на Близнаците во 2023 година! Ќе имаат големи и долгорочни цели, но апсолутно сè ќе постигнат лесно. Ќе постигнат сè што ќе замислат и тоа многу ќе влијае на нивната финансиска состојба. Драги Близнаци, доколку долго време имате идеи и планови, следната година е идеална за вас да ги засукате ракавите и да почнете да ги спроведувате! Искористете го периодот кога ѕвездите ви се наклонети.
Рак
Раковите ќе почувствуваат значителна промена во својот живот. Конечно, среќата е на нивна страна, а тоа ќе го докажат и резултатите кои ќе се постигнат без многу труд и вложување. Ова ќе вклучува парични добивки, напредок на работа, скапи подароци, па дури и игри на среќа. Раковите ќе бидат исполнети и на љубовен план, каде сè ќе пука од романса.
Скорпија
Ако некој заслужува финансиски напредок, тоа дефинитивно се Скорпиите. За разлика од Раковите, Скорпиите ќе го добијат овој напредок благодарение на напорната работа и труд. Монетарните добивки пристигнуваат кога најмалку очекувате, а во текот на 2023 година можете да очекувате унапредување или понуда за нова, многу подобро платена работа. Најдобар совет за Скорпиите е да не брзаат со непланирани и непотребни трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.