Три знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта за време на младата Месечина на 13 ноември. Романтиката е загарантирана!

Лав

Сонцето се поврзува со Марс во Скорпија во вашиот домашен сектор. Така би можеле да ја сретнете вистинската љубов во близина на домот, на социјалните мрежи или додека барате стан. На пример, може да се случи да запознаете продавач, агент за недвижнини и да се заљубите на прв поглед. Исто така, оваа личност може да биде поврзана со учење, да биде ваш ментор во некое поле… Марс во вашиот хороскоп е одговорен за образованието и високиот животен стандард.

Бик

Младата Месечина на 13 ноември се појавува во вашиот сектор за врски, што значи дека сигурно ќе имате афера, но таква што најверојатно ќе ја сокриете. Марс во вашата карта е одговорен за тајните, а Сонцето за љубовниот сектор. Личноста со која ќе стапите во страсна врска би можела да биде некој што сте го запознале преку страниците за запознавање, на патување или дури и при посета на лекар. Во секој случај, ве очекува многу страстен ноември – вакви чувства одамна не сте доживеале!

Рак

Младата Месечина се појавува во вашиот љубовен сектор, а Марс како заштитник на вашиот статусен сектор во општеството најавува дека новата љубов најверојатно ќе биде во добра позиција или доста богата. Оваа врска би можела да започне со безопасно флертување, а оваа личност ќе биде поагилна од вас. Ако „преживеете“ до Нова година, бидете сигурни дека ќе „издржите“ до 2025 година. А на следната конјубкција на Марс и Сонцето во вашиот брачен сектор, можен е и брак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.