Иако Биковите и Јарците се љубители на материјалните работи и напорно работат за да стекнат империја, тие не се најзастапени на листата на богати. Секој хороскопски знак има некои карактеристики на личноста што го прават да се издвојува од останатите. Без разлика дали сте чувствителен Рак, дипломатска Вага или страсна Скорпија, ѕвездите можат да предвидат некои други ваши особини, како и вашиот потенцијал – од тоа колку сте шармантни до предвидување дали ќе го поминете животот во материјален просперитет. Во едно истражување направена е листа колку моментални милијардери припаѓаат на кој хороскопски знак. Ви ги претставуваме првите три места од таа листа.

Рак

Бројот на Ракови на листата значително пораснал во последните години – моментално има 20 милијардери кои припаѓаат на овој воден знак. Некои од најголемите имиња се наследничката на Хајнекен, Шарлин де Карваљо-Хајнекен, основачот на Тесла, Илон Маск и претприемачот Сер Ричард Бренсон.

Риби

Иако изгледаат незаинтересирани за материјалната сфера, Рибите знаат и како да „заработат пари“. На второто место на листата на најбогати луѓе во светот се дури 22 лица родени во знакот Риби, меѓу кои и извршниот директор на Луј Витон Бернард Арно и основачот на News Corp Руперт Мардок.

Вага

Овој воздушен знак е на врвот на листата со 27 милијардери. Некои од најпознатите имиња се дизајнерот и бизнисмен Ралф Лорен, претседателот на H&M Стефан Персон, како и наследничката на синџирот продавници Walmart Алис Волтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.