На 2 март ќе се случи еден од ретките астролошки феномени оваа година – единствениот датум со млада Месечина во знакот Риби за оваа година. Според тоа, се работи за еден од најдобрите денови во годината кога максимално морате да ги искористите потенцијалот и имагинацијата за да ги остварите вашите желби.

На овој ден и Јупитер ќе биде во близок контакт со Месечината што ќе придонесе за зголемување на вашата продуктивност. Препуштете им се на новите идеи и оставете тие да ви бидат ѕвезда водилка. Во поглед на љубовта, Месечината во Риби ќе ви пружи одлична можност да ја најдете својата сродна душа. Доколку веќе сте во врска, ќе почувствувате потреба да поминете повеќе време со партнерот. Сепак, не занемарувајте го и својот личен простор. Бидете одмерени за да одбегнете идно незадоволство и притисок врз врската.

Под влијание на младата Месечина во Риби ќе ви се остварат и дел од најскриените желби. Ваша задача е само да се препуштите и да уживате!

На 3 март пак, Венера ќе се синхронизира со Плутон во знакот Јарец. Тоа ќе ви даде нова енергија за да дадете сè од себе и да го подобрите вашиот живот! Сепак, астролозите ве предупредуваат: она што се случува зад затворени врати треба да остане таму.

Според астрологијата, сабота ќе биде најсреќниот ден во годината. Овој ден се нарекува и „Ден на чудата“ бидејќи Сонцето ќе биде во конјукција со Јупитер во знакот Риби. Од големо значење е да ја насочите енергијата кон позитивни работи тој ден со цел да се ослободите од негативните мисли и насобраната фрустрација или тага. Направете го тоа така што времето ќе го поминете со луѓе кои ве поддржуваат и кои ви помагаат да се развивате подобро како личност. Здружувајќи ги силите со Јупитер, Сонцето ќе ве облее со зрак на креативна, романтична и инспиративна енергија!

Од друга страна, под влијание на Марс и Венера ќе се спојат романтиката и страста. Препуштете им се на желбите. Доколку имате партнер, доволно е да најдете време и волја за експериментирање. Најважно од сè е да бидете искрени со партнерот. Ако не сте во врска, ве очекува ново познанство. Освојте ја личноста со вашиот интелект, но и со смислата за хумор и не плашете се да се впуштите во авантура. Сега е вистинскиот момент за уживање!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.