Познатиот британски астролог Марк Вилијамс предвидува дека оваа пролет ќе им донесе вистинска финансиска благосостојба на неколу хороскопски знаци. Некои од нив ќе добијат пари како награда за вложениот труд, кој конечно ќе им се исплати, а некои ќе добијат пари преку отворање сопствен бизнис.

Почнувајќи од 22 декември, Аспекти за добри финансии во наредните месеци особено ќе имаат три знаци на Зодијакот

Стрелец

На Стрелците им се смешка зголемување на платата. Некои ќе добијат можност и дополнителна работа за хонорар, со што ќе се подобри нивната финансиска состојба. Одредени претставници на овој хороскопски знак со кој владее Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, ќе имаат можност да соработуваат со странски земји, што може да им обезбеди сериозен прилив на пари.

Јарец

Пред Јарците е еден од најдобрите периоди годинава. Ги имаат сите шанси да напредуваат во кариерата, а тоа ќе им донесе подобрување на финансиите. Доколку конкурираат за водечки позиции во тимот ќе ги остварат своите амбиции, а тоа ќе им донесе дополнителни пари преку плата. Оваа зима, особено во јануари, ќе бидат особено ценети и наградени напорите на децата на Сатурн, кои се упорни и вредни работници. Јарците ги очекува добар период и многу радости во животот.

Водолија

И покрај тоа што не припаѓаат на хороскопските знаци кои се материјалисти и кои знаат да штедат, Водолиите оваа пролет ги очекува вистинска материјална благосостојба. Имаат можности да завршат некои одамна започнати проекти кои ќе им донесат и материјално задоволство, а доколку размислуваат да отворат сопствен приватен бизнис, вистински момент е за такво нешто, бидејќи сè што ќе започнат во јануари и февруари ќе донесе им е голем финансиски профит. Овој знак на Зодијакот може слободно да се впушти во разни деловни ризици, бидејќи среќата е на нивна страна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.