Не се знае што е полошо, дали да се влезе во брачните води или да се комбинира со овие хороскопски знаци

Лав и Шкорпија – рецепт за пропаст

Лавот е лидер. Крал на неговиот живот и водач на неговата глутница. Достоинствен, но во исто време и најсуров знак. Ако неговиот партнер е Шкорпија, тоа е рецепт за пропаст. И двата знака се неверојатно силни, имаат брутален картакер и двата знака напаѓаат кога се чувствуваат загрозени без да размислуваат.

Лавот со својата интелектуална суровост и Скорпијата со својот отров, кој му останува долго во вените кога гори. Судирот на овие два лика е буквално борба за живот!

Овен и Рак – пропадната инвестиција
Овенот, поради својата импулсивност и неговиот пионерски карактер, во суштина е соло играч. Тој дава многу, но и многу очекува. Отворен е и страстен, јасно и прецизно го кажува своето мислење.Тоа се неговите доблести кои можат да бидат и маани во исто време. Затоа што ако немаш сила да го следиш Овенот, да и возвратиш на љубовта со истата енергија, тој лесно се врти и си оди!

Овенот е силен, груб, свој, со брзи реакции. Ракот е нежен, сензуален, доволен е еден груб збор од Овенот и Ракот се затвора во неговиот ров! Тогаш чувствува болка, се повлекува и трпи. Овенот не го чувствува тоа, му пречи повлекувањето на Ракот, па полека се оддалечуваат еден од друг и нивната брачна приказна завршува…

Шкорпија и Риби – чиста бруталност

Шкорпиите се на прво место брутални со својата интуиција и силни до срж со своите љубовни и сексуални емоции. Првата топка ја препознаваат само ако мислите дека ја склопувате!

Шкорпијата е непобедлива. Рибата е сонувач, која често е во својот свет и во своите мисли. Кога Шкорпијата ќе го почувствува тоа, следи фронтален напад, и емотивен и вербален. Со овој пристап, Шкорпијата буквално емотивно и морално ги растргнува Рибите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.