Рускиот астролог Павел Глоба истакнал дека на овие хороскопски знаци ќе им се насмевне неизмерна среќа и дека сè ќе им оди од рака. Ги очекуваат особено поволни околности на финансиски план.

Лав

Глоба ги советува претставниците на огнениот знак Лав добро да внимаваат на можностите што им се појавуваат, особено помеѓу 28. и 30.8. Можат да очекуваат голема добивка. Од друга страна, им порачува да бидат и великодушни кон своите најблиски, односно да ги почестат за да им се враќаат парите одново и одново.

Терезија

Од 3. август Терезиите се под влијание на Меркур, што има посебно значење за финансиските можности. Можат да се надеваат на големи бонуси, но ги очекува и учество во профитабилни проекти што можат да им носат приходи неколку години.

Риби

Можеби најголем финансиски процут ќе доживеат припадниците на овој знак. Парите ќе им доаѓаат од сите страни и од неочекувани извори. Исто така, ќе си ги наплатат и старите долгови. Глоба вели дека Рибите можат да очекуваат и значајно наследство од некој подалечен роднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.