Сигурни сме дека сите со нетрпение го очекувате љубовниот хороскоп за март. Во продолжение прочитајте како ѕвездите ќе ви бидат наклонети во поглед на љубовната врска.
Овен
Верувајте им на своите чувства и на партнерот. Во првата половина од месецот почесто ќе го привлекувате спротивниот пол. Доколку не сте во врска, во март ќе имате можност за ново и интересно познанство кое ќе прерасне во нешто повеќе. Само доколку останете такви какви што сте ќе имате позитивен исход во секој подвиг на љубовен план. Ако сте веќе во врска, ќе успеете да воспоставите хармонија во односите со вашиот партнер.
Бик
Што се однесува до љубовта, подготвени сте да жртвувате многу работи. Можно е да донесете големи одлуки како брак или да се одлучите на заеднички живот со партнерот. Март е и одлично време да се преселите во нов дом. Брачните парови ги очекува тешкотии во поглед на семејниот живот. Доколку наидете на некаков проблем, разговарајте за него со вашиот сопружник. Во периодот од 20 до 31 март може да дојде до непријатна кавга. Внимавајте на вашите зборови за да го намалите ризикот од конфликт што може да ја загрози врската.
Близнаци
Во првата половина на март ќе уживате во мали, романтични мигови со партнерот. Сепак, внимавајте да не ја наметнете вашата доминација за да не дојде до конфликт со партнерот. Можно е и изненадување во врската бидејќи трета личност ќе се вмеша во вашата врска. Останете смирени докрај и не вршете притисок врз партнерот. На крајот на март ве очекува возбудливо патување со пријателите.
Рак
Во март можете да бидете спокојни бидејќи нема да ве мачат никакви сериозни грижи. Можно е да се преселите во овој период. Одвреме-навреме консултирајте се со партнерот за да избегнете непотребни расправии. Во март почесто ќе го посетувате вашето семејство бидејќи на некој од вашите најблиски ќе му биде потребна вашата помош. Доколку не сте во врска, постои голема можност да ја пронајдете вашата љубов токму во првиот месец од пролетта. Љубовта можеби нема да настапи на прв поглед, но за брзо време ќе сфатите што се случува.
Лав
Доколку сте во врска, морате да работите на сопствената самодоверба. Бидете внимателни со зборовите и не вршете притисок врз партнерот. Треба да изберете друга тактика доколку сакате да ги продлабочите меѓусебните односи. Доколку сте слободни, најверојатно ќе ја запознаете својата љубов во март. Погледнете околу себе, веројатно веќе сте запознале личност која долго време негува топли чувства кон вас. Затоа, не занемарувајте го фактот дека пријателствата можат да прераснат и во романса. Доволно е да бидете што е можно поотворени и поискрени.
Девица
Партнерот ќе ги почитува вашите одлуки и е подготвен да ви помогне, особено во поглед на домашните обврски. Сепак, не дозволувајте сомнежот да биде причина за расправии. Обидете се да не предизвикате конфликт без никаква причина и останете смирени доколку нешто не се одвива според вашата замисла. Доколку не сте во врска, во март ќе запознаете интересна и влијателна личност. Не се исклучува и можноста за романса на работа која може да прерасне во нешто посериозно. Препуштете им се на чувствата и не дозволувајте да ве онерасположат гласините и озборувањата.
Вага
Во март ве очекуваат сцени на љубомора, расправии и помирување. После сите овие ситуации, ќе почнете повеќе да му верувате на партнерот. Ѕвездите ве советуваат да не донесете избрзана одлука за разделба, туку убаво да размислите за она што ви е најважно во овој момент. Доколку не сте во врска, импулсивно ќе почнете да барате партнер, особено затоа што ќе стекнете нови познанства. За жал, судбината нема да ви даде можност да ја сретнете сродната душа во март.
Скорпија
На љубовен план сè се одвива во најдобар ред со исклучок на малите сцени на љубомора и сомневање. Можно е да дојде и до недоразбирање поради финансиски трошоци. Решете го ова прашање на мирен начин бидејќи расправиите нема да помогнат. Слободните Скорпии ќе се заљубат и тоа сосема неочекувано. Чувствата ќе бидат толку силни што ќе направат да го занемарите сето она што се случува околу вас. Сепак, внимавајте спротивниот пол да не ја искористи вашата лековерност и отвореност. Најверојатно чувствата нема да бидат возвратени на почетокот.
Стрелец
Копнеете да ја продлабочите врската, но се плашите од чувството на несигурност. Астролозите ви препорачуваат да дејствувате спонтано и да им верувате на сопствените чувства. Во втората половина од месецот ве очекува пријатно изненадување. Доколку не сте во врска, ќе бидете опкружени со внимание, но тоа не е она што го барате. Ќе добиете разноразни понуди, но ниту една нема да ве интересира. Сосема неочекувано ќе се појави личност од минатото и ќе ве потсети на некои дамнешни времиња.
Јарец
Доколку сè уште не сте ја пронашле својата љубов, ѕвездите ви препорачуваат да излегувате почесто од дома особено по 20 март. Ве очекува интересно познанство кое конечно ќе ја уништи монотонијата. Не одбивајте ги поканите за состанок, па дури и ако таа личност ви се чини здодевна. Семејните Јарци треба почесто да прават отстапки, а можат и да ги изненадат домашните со подароци или патување. Доколку сте во врска, а конфликтите траат подолго време, можеби е момент да ставите крај на врската.
Водолија
Ѕвездите предвидуваат конфликт во рамките на семејството. Во случај на сериозна расправија, бидете иницијатор за помирување. Во март можно е и да ставите целосен крај на врската, сè зависи од вас. Осамените Водолии нема да имаат желба за романса. Имате додворувачи, но тие не се вклопуваат во вашите планови и затоа подобро е да не давате лажна надеж. Посветете им повеќе внимание на пријателите бидејќи тие се подготвени да ви дадат поддршка кога и да ви е потребна.
Риби
Доколку сте слободни, ризикувате да започнете токсична врска. На првиот состанок не треба да си ја отворите душата, подобро почекајте некое време за поубаво да го запознаете соговорникот. Постои можност да запознаете себична личност која ќе ве искористи и затоа добро би било да не започнувате романса во март. Доколку сте во врска, ве очекува тежок период бидејќи ќе мора да донесете важни одлуки. Не дозволувајте да бидете манипулирани и ако дојде до раскинување, направете пауза за да размислите за тоа што се случило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.