Овен

Работа: Фокусот на овој работен ден е трпението. Некои плаќања во готовина може да бидат одложени, а тоа може да ги наруши вашите претходни планови.

Љубов: Ве очекува интересно патување и многу романтичен состанок со партнерот. Слободниот Овен може да запознае една неодолива Вага.

Здравје: Главоболка.

 

Бик

Работа: Ви претстои важен состанок на кој ќе треба да донесете важни одлуки. Финансиска добивка.

Љубов: Хармоничен период и дополнително зближување со партнерот. Слободните бикови можат да запознаат интересна личност на патување.

Здравје: варење.

 

Близнаци

Работа: Денес планетите се на ваша страна. Ќе можете да работите повеќе работа во исто време.

Љубов: Слободните Близнаци ги очекува љубовна романса на патување. Нема да одолеете на шармот на една Вага.

Здравје: Нервоза и стрес.

 

Рак

Работа: Ретроградните планети можат да ви донесат одложувања и доцнења во реализацијата на важните работи. Сепак, важно е да се биде трпелив.

Љубов: Усогласување и зближување во односот со партнерот.

Здравје: Нервоза.

 

Лав

Работа: Чувајте ги вашите деловни тајни и не ги давајте на вашите најдобри пријатели. Конкуренцијата се обидува да ве загрози.

Љубов: Запознавањето со нова личност може да ви донесе непредвидливи ситуации. Нова авантура.

Здравје: Зголемен стрес.

 

Девица

Работа: Неочекуваните трошоци можат да ви направат проблеми. Бидете внимателни со новите деловни соработници.

Љубов: Планетите ве поддржуваат повторно да воспоставите хармоничен однос со партнерот.

Здравје: Добро.

 

Вага

Работа: Сте стекнале одлични познанства кои ќе ви помогнат да најдете нова работа. Планетите даваат поддршка за сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис.

Љубов: Во искушение сте да влезете во тајна врска. Бидете внимателни, ситуацијата може да биде деликатна.

Здравје: Несоница и нервоза.

 

Шкорпија

Работа: Фокусирајте се на клучниот дел од работата. Важно е да ги почитувате вашите приоритети и да воспоставите одлична комуникација со колегите.

Љубов: Ве привлекува личност која не е слободна. Сепак, внимавајте да не влезете во комплицирани врски.

Здравје: Нервоза.

 

Стрелец

Работа: И покрај големиот број на ретроградни планети, поволните аспекти на вашиот владетел Јупитер ќе ви донесат напредок во соработката со странство.

Љубов: Се наоѓате во период на судбоносна љубов. Можна е љубов на прв поглед со еден Лав.

Здравје: Чувствителност на грлото.

 

Јарец

Работа: Овој ден акцентот е ставен на финансиите. Може да настанат проблеми околу доцнењето на плаќањата или некои долгови и заеми.

Љубов: Кавгите со партнерот можат да ве исфрлат од рамнотежа. Потребен е компромис.

Здравје: Добро.

 

Водолија

Работа: Проширувањето на кругот на деловни соработници и нови познанства ќе создаде нови кариерни перспективи.

Љубов: Слободната Водолија може да запознае многу интересна личност во знакот Вага или Близнаци. Љубов на прв поглед.

Здравје: Нервоза и зголемен стрес.

 

Риба

Работа: Овој ден ќе биде интересен бидејќи ќе дојдете во ситуација да завршите со работа на некој голем проект. Финансиска стабилизација.

Љубов: Враќањето на комуникацијата со поранешниот партнер може да ви донесе дилема дали да ја продолжите приказната со таа личност.

Здравје: Проблеми со стомакот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.