Јупитер влегува во знакот Бик на 16. мај 2023 година, а ќе остане таму до 26. мај 2024 година, па ќе донесе период на преиспитување за сите знаци

Често се смета дека Јупитер е „среќна“ планета која ни помага да се насочиме кон она што е позитивно и ни овозможува да си го прошириме умот, да согледаме нови можности, да добиеме подлабоки увиди и свест за себе. А овој пат им носи турбуленции на сите хороскопски знаци.

Јупитер во Бик нема да ни донесе брзи промени – тие ќе бидат резултат на методично планирање. Важно е во текот на овој период да не донесуваме избрзани одлуки, туку „двапати да мериме, еднаш да сечеме“.

Енергијата на Јупитер во Бик може да нè забави, да нè направи помрзеливи и поради неа може да се чувствуваме млитаво и да станеме склони на одложување. Од друга страна, оваа енергија ќе ни даде простор да застанеме, да направиме пауза и да бидеме присутни во сегашниот момент. Само не треба да претеруваме.

Кога Јупитер ќе го започне своето патување низ знакот Бик, ќе нè повика да процениме каков свет сме создале околу себе и за себе и дали и на кој начин тој нè поддржува. Во текот на претходните години, Јупитер во Овен нè поттикна да засадиме семе, да започнеме нови работи и понекогаш слепо да веруваме во своите соништа. Но сега, наша задача е тоа засадено семе да го негуваме и да му овозможиме опкружување во кое ќе може да се развива.

Доколку сте незадоволни од околностите на работа, во односот или во вашиот дом – сега е поволен момент да ги промените. Опкружувањето и околностите се однесуваат и на планетата и на нашиот однос кон неа. Иако Јупитер е планета на експанзии и ни носи подлабока свест за планетата, може да придонесе и за проекти што можат дополнително да ѝ наштетат.

И Јупитер и Бик се поврзани со изобилие и пари и сега е одличен момент да им се посветите на вашите финансии. Време е за враќање на долговите, но и за инвестирање. Инвестирањето може да се однесува и на стекнување нови вештини, одгледување своја органска храна или хонорарна работа.

Работата на флексибилен начин на размислување исто така е нешто што нè очекува нареднава година. Треба да се ослободиме од ригидни ставови и да бидеме отворени за нови перспективи и можности. Наместо да измислуваме изговори зошто не треба да направиме нешто, треба да побараме можности за да видиме и искусиме нешто ново.

Интензивната енергија особено ќе ја почувствуваме од мај до јуни 2023 година, со оглед на тоа што Јупитер во Бик ќе се израмни со Северниот јазол. Северниот јазол ја претставува нашата колективна судбина и патот по којшто сме тргнале како цивилизација.

Северниот јазол е во знакот Бик уште од јануари 2022 година, но сега Јупитер дополнително ќе ја засили неговата енергија. Ќе нè изненадат многу појави за кои сме мислеле дека ќе бидат дел од далечната иднина, а кои ќе ги посведочиме. Ова е единствениот ваков астролошки настан во следните 12 месеци, и тој ќе одреди како ќе се развива нашата цивилизација понатаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.