Транзитот на Меркур во Близнаци, млада Месечина во Близнаци и Венера во Бик ќе донесат големи промени кај многу знаци во текот на јуни. Некои од нив ќе успеат да се прилагодат, некои ќе се изненадат, но едно е сигурно – ништо нема да биде исто како порано!

Близнаци

Се чини дека сте навикнати да не верувате во добри вести, а од изненадувањата обично очекувате негативни резултати. Но, според астролозите, во јуни постои можност сè да се преврти наопаку, особено во поглед на личниот план каде ве очекува голема среќа.

Лав

Во текот на првиот месец од летото ќе сфатите многу работи за она што се случува околу вас. Тоа, од друга страна, ќе ви помогне и да сфатите дека нема напредок без да погледнете назад и да ги научите лекциите од грешките во минатото.

Водолија

Го сакате животот онаков каков што е и знаете да се прилагодите на сите дадени околности. Иако во последно време среќата не ви е наклонета, сепак не престанувате да верувате во посветла иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.