Јуни е моќен месец, во кој ќе има многу поповолни отколку неповолни денови, велат астролозите и откриваат кои денови во месецот можат да ни бидат најуспешни и зошто!

5 јуни – опозиција на Венера и Плутон

Првиот навистина поволен ден од о првиот месец на летото е 5 јуни, ден кој ќе биде обележан со опозицијата на Венера и Плутон. Најважните теми на овој ден ќе бидат љубовта и комуникацијата. Ќе биде многу важно да се обидете да најдете сила во себе да побарате прошка за некои грешки што сте ги направиле во минатото.

6 јуни – датум на огледало

Овој ден ќе биде добар за вашиот креативен развој, а идеално би било на овој ден да се обидете да ги решите сложените животни проблеми со зборови, креативност, добрина. На овој ден, животот на многумина ќе добие смисла, а вашите цели ќе станат реалност. Најважно е, сепак, да не избрзувате со одлуките.

7 јуни – Ариетиди, метеорски дожд

Овој астролошки настан ќе ни помогне да се ослободиме од стереотипното размислување, проблемот со недостаток на цели и инспирација. На овој ден ќе ни биде полесно да ги поставиме нашите идни цели како и нашите стратегии за нивно постигнување.

11 јуни – Меркур во Близнаци / Венера во Лав / Јупитер во Бик

Од астролошка гледна точка, 11 јуни ќе биде еден од најважните денови во јуни – Меркур ќе го започне својот транзит низ Близнаци. Ова ќе го означи почетокот на исклучително важен период во нашите животи. Оваа планета ќе има многу корисен ефект врз нашата енергија, судбина и среќа. Ова ќе биде најдобриот ден во месецот за започнување деловни преговори, службени патувања, лични патувања. Веројатноста за успех во бизнисот ќе биде исклучително голема. На 11 јуни ќе ги имаме и Венера во Лав и Јупитер во Бик. Оваа енергија комбинира совршена количина на креативност помешана со преземање акција. Понекогаш можеме да бидеме пасивни со нашите креативни проекти и визии, но сега универзумот ќе ни даде дополнителен поттик, потсетувајќи нè да продолжиме напред со нашата работа. Ова е одличен ден да се справите со креативните проекти што сакате да ги завршите, особено ако тие се значајни за вашата кариера.

21 јуни – летна краткоденица

Друг многу важен ден во јуни е солстициумот. Ова е исклучително поволен ден во месецот. Успешно ќе ги завршиме сите задачи поврзани со домот, а поволно ќе биде и сè што е поврзано со трансформација на изгледот и ослободување од лошите навики. Во овој период, продуктивноста на повеќето луѓе значително ќе се зголеми.

28 јуни – Јужни Делта Аквариди, метеорски дожд

28 јуни е денот кога ќе биде најактивен метеорскиот дожд Јужни Делта Аквариди. Астролозите сметаат дека овој ден ќе биде идеален да ги поставиме нашите цели за иднината. На овој ден ќе имаме можност да донесеме важни одлуки кои ќе ни го променат животот. Да не заборавиме и дека не треба да се плашиме од неуспехот бидејќи стравот е најлошиот непријател на успехот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.