За два хороскопски знаци јазлите на месечината или планетите во сенка Раху и Кету се уште остануваат во нивните куќи, што е најважната точка на личноста според индискиот, ѓотиш, хороскоп.

Овен

Потребно ви се промени, светло самооткривање, публицитет и амбиција. Проблемот е што тоа може да се случи по потешкиот пат. Постои ризик стравот да ве спречи да се ослободите од старото и да се отворите за новото. Тешко ви е да излезете од вашата комфорна зона. Може да има потешкотии со партнерот – чувството дека љубовта е монотона, се е исто, а врската не може повеќе да се развива. Можно е ова чувство да помине доколку заедно работите на вашата врска. Ова е добра шанса за продлабочување на врската токму во смисла на духовна блискост, доверба, меѓусебно прифаќање.

Вага

Имате спротивна ситуација во споредба со Овенот – сега целосно заборавате на себе, како да престанувате да постоите, а целото внимание е насочено кон вашиот партнер, иден партнер, деловен партнер. Ако вака продолжи, тогаш ќе ги изгубите не само нив, туку и себеси заедно со нив. Прекрасно е да се посветите на другите, да помагате, да покажете љубов, но не смеете целосно да заборавите на себе. Ова е време да се разберете себеси како цела личност која може да биде среќна и комплетна и во пар и сам, и во големо друштво и сам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.