Бик

На сите ни е јасно дека љубовта бара многу работа и одрекување. Исто е и со парите. Иако им се важни и двете нешта, припадниците на овој знак секогаш би ги избрале парите доколку се најдат во таква ситуација. Нив ги привлекува стабилноста, а љубовта може да биде сè освен стабилна и сигурна.

Близнаци

Луѓето кои сакаат да се забавуваат секогаш наоѓаат нешта или односи што ќе ги возбудат. Со нив никогаш не е досадно, но го бараат истото и од луѓето околу нив. Па партнерите на Близнаците може да се чувствуваат како кловнови кои постојано треба да го забавуваат партнерот. Близнаците се немирни, но и неодлучни и понекогаш не знаат како да се справат со туѓите потреби. Во моментот кога врската ќе стане премногу сериозна, Близнаците повеќе сакаат да се свртат кон заработувањето пари и нивната кариера.

Лав

Лавовите се лидери, па навистина е тешко да се поврзат со други луѓе. Тие сметаат дека луѓето доаѓаат и си одат, но предметите остануваат вечно. Иако можат да уживаат и во врска, по некое време можеби ќе сфатат дека повеќе ја сакаат нивната финансиска независност отколку партнерот.

Стрелец

За Стрелците врските се преголема обврска која им ја одзема слободата за авантура. Патувањата, луксузот и воглавно хедонизмот се нивни водичи и сакаат да трошат пари на нив. Па не е чудно што на луѓето им е тешко да се справат со оваа особина на Стрелците. Тие често мислат дека парите можат да ги забавуваат на начин на којшто партнерот не е способен.

Јарец

Сигурната иднина и стабилната кариера се животните цели на Јарците. Единствената ситуација во која би ѝ дале предност на љубовта е кога се целоно сигурни дека сакаат да го поминат животот со партнерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.