Спиењето е клучно за нашето физичко и ментално здравје. Квалитетот на сонот може значително да влијае на нашата енергија во текот на денот, на нашето расположение, па дури и на нашата способност да донесуваме одлуки. Додека некои луѓе паѓаат во длабоките фази на сонот веднаш штом ќе ја допрат перницата, други се вртат цела ноќ, барајќи ја истата оаза на мирот.

Според астролозите, ѕвездите можат да влијаат на квалитетот на нашиот сон.

Бик
Биковите сакаат удобност и луксуз, а тоа важи и за квалитето на спиењето. Ако постои хороскопски знак кој може да заспие во секое време и на кое било место, се додека му е доволно удобно, тоа е Бикот. Цврстиот сон на Бикот е одраз на нивната потреба за сигурност и стабилност. Откако ќе се смират, тешко се будат, а прекинувањето на нивниот сон може да резултира со бурни реакции.

Риби
Рибите можат без проблем да нурнат во најдлабоките фази на спиење и често имаат интензивни соништа. За Рибите спиењето е речиси света работа, тоа е време кога нивната интуиција е најсилна и кога чувствуваат длабока поврзаност со својот внатрешен свет. Кога сонуваат, Рибите е речиси невозможно да се разбудат.

Јарец
Јарците се познати по својата дисциплина и трудољубивост, но кога е време за одмор, тие го сфаќаат исто толку сериозно. За нив здрав сон не е луксуз, туку неопходност. Со оглед на нивната склоност да преземаат големи одговорности, кога конечно ќе ги остават сите товари настрана, Јарците паѓаат во длабок сон. Јарците тешко се будат, особено ако знаат дека имаат уште еден долг ден пред нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.