Со некои луѓе мудро е да не си замеруваме, особено ако можат да бидат опасни како противници и не се толерантни како останатите.

Во хороскопот, овие четири знаци се смета дека е најлошо да ги имате за непријатели:

Лав
Не е препорачливо да се замерите со Лав, лично ја сфаќа секоја навреда или непочитување и спречен е да прогласи војна кога ќе се почувствува нападнато. Победата за Лавовите е приоритет поради кој се спремни да направат се, па дури и да ги уништат односите до кои им е грижа. Не дозволуваат оној кој им го повредил егото или ги навредил, да мине неказнето.

Јарец
Јарците се опасни противници, но напаѓаат само ако се почувствуваат загрозени. Ако помислат дека сакате да им ја преземете работата или им ја загрозувате позицијата, ќе ве нападнат без двоумење. Тоа нема да го направат веднаш, туку трпеливо ќе го чекаат моментот кога сте најслаби за да го зададат ударот.

Скорпија
Имаат осветољубива природа и опасно е да ги имате за непријатели. Меморијата им е како на слон, ништо не забораваат. Ако веруваат дека некој им нанел зло, нема да се смират додека не се одмаздат и покажат дека се замериле со погрешен човек.

Бик
Биковите се опасни противници, иако на прв поглед не делува така. Многу се трпеливи и долго молчат и трпат, но ако ги доведете до точка на вриење, пазете се од нивниот без. Тогаш ќе видите налутен Бик во состојба да направи сѐ, па брзо ќе зажалите што сте го налутиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.