Астролозите откриваат што носи есента 2022 за секој хороскопски знак:

Овен

Есента ќе ви ја донесе долгоочекуваната стабилност. Така, астролозите ви препорачуваат да уживате во новиот статус и да бидете подготвени за позитивни промени.

Бик

За вас есента ќе биде поделена на неколку сегменти. Астролозите ве советуваат да се концентрирате исклучиво на она што го работите и да не се грижите за иднината. Многумина од претставниците на овој знак ќе мора да се преселат, но тоа ќе биде доста успешно. Совет плус: планирајте однапред доколку станува збор за патување.

Близнаци

Есента ќе ви го разубави животот, а единственото нешто што може да ја засени сликата е недостатокот на време. Затоа, добро испланирајте го вашето време и организирајте се – само на тој начин сè ќе се вклопи во вашиот распоред.

Рак

Есента ќе биде идеално време за анализа на вашата ментална состојба. Така, ќе имате можност да му се посветите на вашето внатрешно „јас“ и ќе научите дека емоциите треба да се искажат, а не да се акумулираат внатре во себе. Освен тоа, искреноста ќе ви помогне да изградите врска каква што сте секогаш сте посакувале.

Лав

Конечно ќе ви се укаже можност за одмор од секојдневните работни обврски. Есента ќе биде вашето идеално време за дигитална детоксикација и ослободување од стресот. Уживајте во секој момент, но и не споредувајте се со никого.

Девица

Есенските месеци ќе ви донесат безброј можности, особено на личен план. Дозволете да ве води срцето, а не умот. Со текот на времето ќе сфатите дека покажувањето емоции е искрен начин да се поврзете со другите и заедно да растете.

Вага

Ќе можете да го продолжите сето она што претходно сте го започнале. Сепак, главната работа ќе биде да останете смирени и да не подлегнете на негативните импулси. Ѕвездите ве советуваат да не се плашите да ги покажете вашите силни квалитети – светот тоа ќе го забележи со задоволство.

Скорпија

Наесен ќе научите како поинаку да комуницирате со другите. Освен тоа, ќе успеете да го најдете мирот онаму каде што најмалку очекувате. Доволно е да се поврзете со своето внатрешно „јас“ и да се прифатите такви какви што сте. Ве очекува и подобрување на односите со вашите најблиски.

Стрелец

Посветете го овој период на учење и проширување на вашите знаења бидејќи само така ќе можете да ги постигнете вашите цели. Сепак, не занемарувајте ја потребата и за одмор кој ќе ви ја даде неопходната енергија за да продолжите понатаму. Освен тоа, имајте доверба во вашите одлуки.

Јарец

Ве очекува голема среќа во секој аспект од животот. Сепак, астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите важните работи и внимателно и промислено да носите одлуки.

Водолија

Ова ќе биде добар момент да ги завршите обврските кои сте ги оставиле да се трупаат досега. Меѓу другото, ве очекуваат добри вести на љубовен план: некои од вас ќе добијат понуда за брак, некои ќе започнат нова љубовна врска, а некои ќе ѝ стават крај на токсичната врска која повеќе не им носи позитивни емоции.

Риби

Ќе добиете многу нови можности, но ќе наидете и на пречки. Ќе бидете успешни во она што го работите и полни со нови искуства. Сепак, не плашете се да правите грешки бидејќи можете да научите многу работи од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.