Дневен хороскоп за недела, 24. септември 2023 година.

Овен

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика затоа што ќе бидете студени. Затоа, покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости, но се уште не го наоѓате она што го сакате. Се уште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики што биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита, но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности, само погледнете што сте постигнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со помладите.

Рак

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро, а деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери, зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај – никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Шкорпија

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележите личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни, уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга ќе биде доста сериозен, па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување, проверете ја состојбата на автомобилот, дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец

Љубов

Веројатно ви претстои убаво поминато време во тишината на домот. Оние во врска ќе го повикаат партнерот кај себе, а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите. Имате добра шанса па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби

Љубов

Оние кои се уште бараат сродна душа денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно, но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.