Каква енергија на изобилство не чека до крајот на 2022 година? Паричниот хороскоп посочува дека 3 знаци ќе успеат да ги решат финансиските проблеми пред да влезат во 2023 година – еве на кого ќе се насмевнат ѕвездите со изобилство:
Бик
Овој земјен знак добива нови извори на приход, што поволно влијае на финансиската состојба. Транзитирањето на Сатурн во Водолија ќе ви ја зголеми среќата, но избегнувајте да инвестирате во недвижнини. Енергијата на Сатурн во вашата куќа ве турка да трошите и купувате, но вие наоѓате начин да заштедите и да бидете во вишок. Трошете мудро и избегнувајте непотребни трошоци.
Поставувањето на Јупитер и Сатурн во вашата родна карта ви помага да добиете нова работа и да ги подобрите односите со претпоставените. Овие врски можат да ви донесат финансиски придобивки на долг рок.
Шкорпија
Паричниот хороскоп посочува дека Скопје ќе има многу среќа до крајот на 2022 година. Сè што правите ви носи изобилство, затоа обидете се да заштедите за да ви стане стабилна финансиската состојба. Крајот на оваа година ќе биде поволен за вас од финансиски аспект.
Периодов профитирате, а ја имате и поддршката од блиските и оние од деловниот круг. Јупитер ќе транзитира низ Риби во 5-тата куќа на Скорпијата. Оваа позиција на Јупитер ќе биде поволна за стекнување пари. Можно е да ве очекува успех на професионален план, особено на некои работи поврзани со странство. Инвестирајте мудро.
Водолија
До крајот на 2022 година, Сатурн влезе во знакот Водолија, кој се наоѓа во првата куќа на вашиот знак. Оваа позиција ќе ви помогне да започнете економски развој. Правилниот избор на вложување пари во вистинско време ќе помогне да се постигнат финансиски придобивки. За време на овој транзит, постојат шанси да постигнете огромен успех со помалку труд. Ѕвездите советуваат да не се губи концентрацијата.
Од друга страна, Сатурн повторно станал ретрограден, се преселил во знакот Јарец и се наоѓа во 12-тата куќа на Водолија. Поради ваквата положба на планетата, постои шанса да заминете во странство. Ова ќе ги зајакне вашите финансии. Јупитер тргна во ретроградна состојба на 29 јули 2022 година и ќе биде во првата куќа на Водолија. Благодарение на ова ќе ви се зголемат деловните врски, а ќе добиете поддршка во кариерата и финансиите.
Од финансиите и деловните односи ќе успеете да остварите профит, кој со текот на времето ќе зајакне. Ве советуваме паметно да го искористите времето и да избегнувате непотребни блокади и пречки. Секој успех што ќе го постигнете во овој период може да има поволно влијание врз вас на долг рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.