ОВЕН

Иако се делува ветувачки, не е поволен ден за договори и било какви трансфери. Одложите на кратко ако сега почнете нови преговори, затоа што може ќе ве чекаат компликации. Моментално, надвор од вашиот вид се информации кои се од пресудно значење за вашиот проект.

БИК

Ви стигнуваат непријатни вести. Замислата која сте ја имале, а која се однесува на вашата фамилија, со овој пресврт станува неизводлива. Сте ја помешале работата со приватниот живот и сте дозволиле фамилијарните проблеми да ви ги решаваат соработниците.

БЛИЗНАЦИ

Конечно, може да донесете одлука која долго ја одложувате. Кога еднаш ќе се победите себе и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземање на одговорност. На тој начин дарувате слобода, како на себе така и на партнерот.

РАК

Премногу сте сериозни. Денот е совршен да си дадете малку слобода и да избегате од работа и да ги минете часовите во друштво на пријатели кои со ништо не ве оптоваруваат. Работата нема да избега, никој нема да примети дека ве нема, а вие ќе се вратите освежени.

ЛАВ

Имате многу планови и очекувате набрзо да почнете некои од нив. За жал денеска не ви следуваат крупни чекори, а неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали е патот кој сте го смислиле најповолен за вас.

ДЕВИЦА

Пред вас има многу обврски. Ќе ви се чини дека не дигате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случува. Илизијата дека сте претерано оптоварени доаѓа поради заситување, па итно ви е потребна промена на работа или краток одмор.

ВАГА

Врската која сте ја држеле во тајност се заканува да биде јавна. Партнерот многу повеќе ве сака отколку вие него, но не уживате во тоа. Неговите очекувања за вас се големо оптоварување, па ова ќе ви биде силна причина да размислите за раскинување.

ШКОРПИЈА

Ако успеете денот да го почнете без задоцнувања и одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако работата има врска со странство. Немојте да ги вовлекувате пријателите во своите предизвици, решавајте ги проблемите сами.

СТРЕЛЕЦ

Партнерот очекува конкретен чекор со кој ќе ја официјализирате врската. Немојте да попуштате под притисок, ако не сте сигурни дека тоа е тоа што го сакате. Дополнителна тензија предизвикува финансиска ситуација која денеска значајно се комплицира.

ЈАРЕЦ

Ве очекува разговор со надредената личност. Ќе добиете понуда која на прв поглед нема да биде примамлива, но, доколку обрнете внимание и го прифатите ова, долгорочно ќе ви се исплати. Таа работа ќе ви отвори врата за нови предизвици.

ВОДОЛИЈА

Имате потреба да контролирате се околу себе, а немате механизми со кои тоа би го поддржале. Лоша вест е дека ќе мора да се откажете од некој свој став кој е прилично бескомпромисен. Насочете го своето внимание на саканата личност, потребна му е поддршка.

РИБИ

Комуникацијата со личноста која се наоѓа во странство може да биде од голема корист. Работните планови се развиваат во насока која ја посакувате. Сепак, не прифаќајте ги работите здраво за готово, своите планови, засега, држете ги далеку од јавноста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.