ОВЕН
Овни, ќе се обидете да ги остварите вашите деловни планови, но ќе се појават ненадејни проблеми кои ќе ве забават. Кога станува збор за љубовта, чувствувате доза непријатност. Партнерот нема да ги слуша вашите објаснувања, а вие нема да имате трпение. Опуштете се.
БИК
Добро размислете кому ги доверувате вашите деловни планови, консултирајте се со личност која има успех во полето кое ве интересира. Вашиот партнер ќе биде особено нежен со вас и ќе ви даде чувство на сигурност. Потребен ви е поттик и инспирација.
БЛИЗНАЦИ
Важно е да ги одделите заедничките деловни интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат. Во комуникацијата со партнерот, ќе ги преувеличувате вашите потреби и ќе бидете особено чувствителни. Ако се соочувате со несоница, вечерва конечно ќе се наспиете.
РАК
Ќе бидете многу вешти во деловните зделки, но ќе имате голема помош и од вашите соработници. Нема потреба да ги потиснувате вашите емотивни желби пред личноста која најдобро ве познава, а тоа е вашиот партнер. Поттикнете го оптимизмот и доброто расположение кај себе.
ЛАВ
Ве очекуваат голем број интересни деловни средби. Направете сѐ што е потребно за да го комбинирате убавото и удобното со практичното и корисното. Вашата сакана личност понекогаш има големи барања, но вие знаете како да ги исполните. Уживајте во добра храна.
ДЕВИЦА
Нема да ви се допадне работната улога што некој ќе ви ја додели. Важно е да заштедите енергија за некои повредни цели. Приредете ѝ пријатно изненадување на личноста за која се грижите. Кон крајот на денот, посветете се на вашето омилено хоби или гледајте образовна содржина.
ВАГА
Кога станува збор за работата, вие ќе бидете убаво расположение и ќе бидете сигурни дека ќе постигнете сѐ. Нема потреба да ја злоупотребувате туѓата емоционална наклонетост – не смислувајте „љубовни гатанки“. Искрениот разговор со блиска личност ќе ви донесе психичко олеснување.
СКОРПИЈА
Вашиот ентузијазам може да биде протолкуван на различни начини, внимателно бирајте ги зборовите што ги користите во друштво на колегите. Покажете му на партнерот дека вниманието значи повеќе од „скапите подароци“. Уживајте во работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
СТРЕЛЕЦ
Доколку сте добро информирани за деловните можности, вие ќе добиете двоен профит. Не дозволувајте некој да го окупира вниманието на вашиот партнер. Важно е правилно да ги насочите мислите и да ги елиминирате разните непријатности. Ќе бидете во одлична психофизичка форма.
ЈАРЕЦ
Повеќето работи ќе се обидете да ги завршите самостојно, но ќе ви недостига објективна проценка. Не ѝ давајте големи и избрзани ветувања на саканата личност. Можно е да се предомислите повеќе пати. Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
ВОДОЛИЈА
Ќе ве интересираат нови деловни идеи и ќе се обидете да се ослободите од тешките обврски. Прифатете корисни совети. Ве следи емотивно затишје, нурнати сте во сопствениот свет на идеи и љубовта не ви е наклонета. Важно е правилно да ја канализирате енергијата.
РИБИ
Понекогаш е неопходно да се користи „тајната формула“, која носи голем успех и лично задоволство. Покажете професионални манири. Кога ќе се среќавате со саканата личност, сè ќе ви делува речиси идеално. Треба да ја подобрите психофизичката кондиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.