ОВЕН
Не се залажувајте дека сè што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања на работното место се доволна гаранција за поголема финансиска добивка. Денеска ќе бидете вознемирени. Подобро е да ја прифатите идејата на саканата личност, отколку да предизвикате нова љубоморна сцена.

БИК
Денеска ќе се соочите со необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега ќе останат незадоволително одговорени. Не дозволувајте да преовладуваат сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение. Потребно ви е позитивно да се насочите кон врската.

БЛИЗНАЦИ
Близнаци, ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со колегите. Некој се обидува да ве убеди во нивните добри намери, но тоа не е така. Денеска обидете се да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на вашите потреби. Бидете трпеливи со вашата сакана личност.

РАК
Денеска дипломатскиот пристап ќе биде неизбежен, а деловниот компромис е единственото правилно решение за постигнување на саканиот успех. Саканата личност од вас ќе очекува да заблескате. Можеби ќе ви треба малку напор, но секогаш вреди да се потрудите околу вашата врска.

ЛАВ
Лавови, денеска е важно да ја задржите вашата присебност и да ја поправите вашата грешка. Размислете на кого треба да се обратите за поддршка. Светот околу вас ќе изгледа многу подобро и поубаво доколку го поминете слободното време во позитивна средина и со блиска личност.

ДЕВИЦА
Денеска упорно ќе се обидувате да го наметнете своето влијание пред колегите, но ќе има ситуации кои ќе го надминат вашето професионално искуство. Ако не се чувствувате пријатно покрај саканата личност, важно е да се тргнете настрана и да почекате момент за отворен разговор. Избегнувајте непотребни емоционални предизвици.

ВАГА
Денеска ќе се грижите дали ќе оставите одличен впечаток кај вашите соработници, па во мегаломански стил ќе прифаќате разни обврски. Изгледате вознемирено, потрудете се да ја контролирате импулсивната страна на вашата природа пред да ги повредите чувствата на саканата личност.

СКОРПИЈА
Скоприи, не ви се допаѓа кога страдате поради нечие самоволие. Ќе се чувствувате дека сте во инфериорна позиција во односот на вашите соработници. Непотребно ќе се оптоварувате со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Променете го вашиот фокус во размислувањето.

СТРЕЛЕЦ
Денеска некој на работното место ќе се обидува да ви го наметне своето мислење или одредени услови. Нема причина за вклучување во конфликти. Ќе забележите дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани.

ЈАРЕЦ
Јарци, денеска ќе биде важно да изберете ситуација која истовремено ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи материјална корист. Нема потреба да создавате драма во друштво на саканата личност. Прилагодете се на ситуацијата, за да ги задоволите вашите заеднички потреби.

ВОДОЛИЈА
Денеска нема да ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, бидете трпеливи, порано или подоцна се си доаѓа на свое место. Ќе ви недостига трпение, а на саканата личност ѝ недостасува храброст или импулс да се соочи со заедничките проблеми.

РИБИ
Риби, денеска ќе привлекувате негативни коментари, со тоа што премногу ќе ги покажувате вашите способности пред соработниците. Залудно ќе ја трошите скапоцената енергија на некои споредни ситуации. Треба да ги решите вашите емотивни дилеми, пред саканата личност да ве доведе до работ на непријатна ситуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.