Овен
Љубов: Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.
Кариера: Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.
Здравје и совет: Одете таму каде што ви е добро.
Бик
Љубов: Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.
Кариера: Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро, стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.
Здравје и совет: Посигурни сте.
Близнаци
Љубов: И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.
Кариера: Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.
Здравје и совет: Одвоете го приватното од деловното.
Рак
Љубов: Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.
Кариера: Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.
Здравје и совет: Бидете трпеливи.
Лав
Љубов: Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.
Кариера: Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.
Здравје и совет: Одморете се и наспијте се .
Девица
Љубов: Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.
Кариера: Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.
Здравје и совет: Бидете она што сте.
Вага
Љубов: Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.
Кариера: Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.
Здравје и совет: Тргнете се од каква било негативност.
Шкорпија
Љубов: Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.
Кариера: Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.
Здравје и совет: Не постои совршенство.
Стрелец
Љубов: Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.
Кариера: Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.
Здравје и совет: Ќе го надминете преодниот стрес.
Јарец
Љубов: Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.
Кариера: Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.
Здравје и совет: Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.
Водолија
Љубов: Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.
Кариера: Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.
Здравје и совет: Здрави сте и подготвени за нови предизвици.
Риби
Љубов: Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.
Кариера: Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.
Здравје и совет: Сепак имате доволно слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.