За една група луѓе октомври е период кога ќе се заљубат, ќе заработат пари, ќе најдат подобра работа и ќе ги реализираат сите свои планови. Меѓутоа, луѓето кои ја сочинуваат втората група се оние кои едвај чекаат да заврши овој месец.

Ништо нема да оди според планот за нив. Ќе имаат проблеми со партнерот, пријателите и колегите и ќе се чувствуваат како ништо да не им оди.

Според астролозите, овие три хороскопски знаци треба да внимаваат и да избегнуваат кавги, расправии и да се трудат да го задржат својот мир.

Овен

Овенот ќе почувствува дека многу работи се случуваат надвор од негова контрола. Повеќе од вообичаено, Овните ќе зависат од средината во која се наоѓаат, а тоа како независни луѓе воопшто не им се допаѓа. Поради брзиот јазик ќе влезат во конфликти со партнерот и семејството, а на крајот на месецот ќе бидат склони кон расфрлање пари.

Јарец

Иако ќе ви се отворат некои нови можности, ќе мора да работите напорно за секоја од нив. Она што најмногу ќе ве фрустрира е тоа што резултатите нема да зависат од напорот, туку од сплетот на околностите. Нема да можете да молчите на неправдата, па ќе навлегувате во жестоки расправии.

Ќе се расправате со партнерот за тоа кој ќе биде доминантен, па дури на крајот на месецот ќе ги решите работите – вака или онака.

Бик

Ќе имате толку многу обврски што ќе имате чувство дека не кревате глава од работа. Штом завршите една задача, ќе ви следат нови тешки задачи. Ќе се чувствувате како секој ден да е нова борба, а стресот со кој се справувате ќе влијае на односите со вашите најблиски.

Деновите по 22 октомври ќе бидат особено заморни за вас и дури тогаш ќе следи турбулентен период за вас, особено на љубовен план.

Затоа, подгответе се и внимавајте на вашиот темперамент и на зборовите што ги кажувате.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.