Дури и на најпознатата претскажувачка Баба Ванѓа ѝ било тешко да ги „прочита“ овие хороскопски знаци. Велела дека имаат посебна енергија, но гледала да нема блиски контакти со нив.

Можете ли да претпоставите за кои знаци станува збор?

Риби

Овој знак има необично многу среќа, многу е интуитивен и способен е самиот да си ја предвиди иднината. Постојат многу припадници на овој знак кои имаат необични способности: секогаш сопираат на чекор пред некоја голема неволја, добро се справуваат со измами и предавства и знаат како да спречат да им се случи нешто лошо. Ванѓа ги одбегнувала поради нивната моќна енергија, но и затоа што на Рибите не им треба помош – тие самите можат да донесат одлука за себе и да си ја „прочитаат“ судбината.

Рибите се како психолози. Лесно можат да го прочитаат туѓото расположение, а пријателите и семејството ги ценат нивните совети. Не се истакнуваат во друштвото, но ако се замерите со нив, тешко дека ќе најдете полош непријател. Способни се за правење врвни сплетки и ќе ги искористат сите врски што ги имаат за да му се одмаздат на непријателот, а тој нема ни да знае кој им го приредил сето тоа.

Скорпија

Баба Ванѓа се трудела да не работи со Скорпии, бидејќи многу ѝ било тешко да му ги прочита мислите на овој хороскопски знак и да му ја претскаже судбината. Како да имаат некоја сила што не им дозволува на другите да им влезат во глава. Таа тоа го поврзувала и со фактот дека Скорпиите можат речиси да ги хипнотизираат луѓето. Незабележливо ги наведуваат другите да ги засакаат, да им веруваат безусловно и луѓето подготвени се да ги следат дури и ако не постојат реални причини за толкава доверба.

Скорпиите се одлучни и подготвени се на сè за да ја остварат целта. Тие се кариеристи и во младоста често заземаат високи позиции. Ова е еден од ретките знаци што се многу контрадикторни, како да постојат повеќе личности во нив. Лукавоста и интелигенцијата им овозможуваат на Скорпиите да бидат одлични манипулатори, невозможно е да ги победите во расправија. Тие се харизматични и себични и вешто ги користат слабостите на другите во своја полза.

Лав

Баба Ванѓа ги одбегнувала Лавовите од истите причини поради кои ги одбегнувала Скорпиите и Рибите. Неверојатно тешко е да се прочитаат припадниците на овие знаци. Невозможно е да се контролира енергијата на Лавот. Тие носат хаос, а доблестите лесно ги претвораат во маани.

Лавовите се силни и наметливи, но ако планот им се уништи, подготвени се да срушат сè до темел. Тие се харизматични, но многу чувствителни и суетни – една лоша шега и ќе им ја разбудите одмаздољубивата енергија. Честопати се успешни во работата, политиката, уметноста, но само под услов да имаат личност покрај себе која ќе им ја насочи моќта кон вистинскиот пат. Без вакво водство, Лавот може да изгуби сè: да ги потроши сите пари на тривијалности, да започне лош бизнис, да влезе во лошо друштво…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.