Откако колење на јагниња во градинка е прифатливо , нормално, не постои веќе ништо што би можело да не изненади во оваа недојдија!, реагираат од „Анима мунди“

Вработените од градинката Весели Цветови во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество.

Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и се останато што не доликува на вработени во воспитно образовна институција, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.