Конечно замина една криминогена власт, дојде власт од која многу очекуваме. Што ќе биде со оваа власт, со ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери во наредните години на нивното владеење? Прво какви се впечатоците? Прво како беа впечатоците? Ако имавте впечаток дека цела меѓународна беше против оваа власт, во право сте? Дали се смени ставот? Во право сте. Зошто е тоа така?! Затоа што странците ги интересира кој ги владее улиците. Ние тоа треба да го искористиме на најдобар можен начин и мислам дека првиот шамар што им го плесна премиерот Мицкоски е кога им рече не се мешајте, многу се мешате. Тоа е многу силна порака. Сите клиенталистички поставени влади, особено во Македонија не би се осмелиле да го помислат тоа, а камоли да го изговорат. Дали е тоа војна со амбасадорите? Не! Ова ќе има подобар впечаток и подобар ефект врз меѓународната да и помага на Македонија, отколку нејзинота безкичмењаштво во минатото. Ставете се во таа положба. Кога некој ти се лигави, кога патос брише, најпонизно ти се однесува и не го респектираш многу. Некако не ти е партнер за муабет. Со децении сум го искусил лично на некое микро ниво, на семејно ниво, а како новинар сум го видел милион пати и кај нас и во светот. Но ако имаш автентичност, имаш храброст, имаш став, имаш план, чекај бе, па со овој може да се работи, со овој може и нешто да се направи. Згора на се, има поддршка од народот. Тогаш може да завршиме работа – вели Јанко Илковски во најновото издание на Слушај ваму, кое го прави во соработка со Република.
Според него ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери се осудени на успех. Вели нема опција да лошо работат. Руината која ја наследиле треба малку да ја поткренат зашто во спротивно нема држава.
Што кажува Илковски во неговата видео-колумна погледнете во видеото.
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.