Како ретко која вест ме погоди смртта на малата Вања, чувствувам мачнина, тегоба, жал … До толку сум утепан одвнатре да немам ни бес, ни гнев. Никакво злобно задоволство немам од тоа зошто е убиена, кој ја убил и кој се бил инволвиран, родител, Палчо, Малчо … мизерија човечка на битисувањето.

Вредеа ли парите за нејзиниот живот?

Што направивме од оваа земја, каде, иако се познати латентни убијци и криминалци, стануваат видни политички, јавни, социјални и одтанати материне личности, со следбеници и ракоплескачи! Демократија?! Ова е Мизерократија на целото општество.

Кога во општество правиш дилови со криминалци, ова се плодовите кои ќе ги жнееме. Не само тие кои го правеа тоа, не само кои им беа блиски, туку и ние, што не презедовме ништо да го спречиме, освен јадење трици по портали, социјални мрежи а кога ќе дојде време за избори правиме калкулации со кој криминалец да направиме дил, за лична корист.

И Вања, за жал, нема да биде последна… ми се кине душава како татко, затоа што гледам во што ќе живеат моите деца. Ова не е само за молитва, ова е за радикални промени. Сакавте алтернативни лидери – еве ви … нема да ме чуди утре ако го фатат да се брани дека е политички прогон! Знаете зошто? Затоа што пак ќе се најде маса на следбеници кои ќе му дадат за право …. оти им дадовме преголеми права на социопатите, криминалците, за сметка на децата.

Прости Вања, знаеме кој е виновникот, но сите сме виновни. Овој свет е трул и во распад. Нека ти е царството небесно

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.