Јанко Илковски
Јас сум среќен што се изгради и отвори Дајмонд. Тука сум цел живот, на улица Железничка, откако ја затворија железничката станица, (преселија) овој дел од градот стана тешка мизерија, ужас. Јужниот булевар беше уште помизерен. Скоро деценија и пол мочуриште ископано оти есдесто панично хистеришеше кога видоа дека нешто ќе се изгради пред деценија и кусур, нешто капитално и го спречија тогашниот проект. Дури го прогонуваа тогашниот премиер на Обединетото Кралство оти бил на утакмица со наш бизнисмен кој не им е по воља.
Како и да е, зaврши ерата на смрдеа и тиња, баруштина, извор на комарци и зараза но и на години прашина со градењето. До центар кружевме километар, кој за работа, кој за школо. Сега, покрај се, иако конкуренција, јас лично корист ќе имам оти ќе се зајадуваат дуќанџиите на се помалиот број на муштерии па попусти што по продавници што по маркети, корист за оние кои бараат најевтино и храна и облека и друго.
Покрај тоа, делот кај преминот се во фаза на отворање на најмалку 4-5 ресторани, плус кафичи и навистина Скопје добива центар каков што заслужува иако Дајмонд е далеку, предалеку, од завршен. Додуша на 50% е и Ист Гејт а ни Сити мол не е пополнет, Рамстор е полупразен (ако маркетот е калабалак) а во најава е и нов мол во аеродром, Џеваир.
Дајмонд мол, како и сите други е отворен прерано и на сила за оној ретард наш да даде изјава дека ова ќе отворело 1000 работни места? Еве ви викам дека нема ни 30 нови вработени, продавачите се само преместени од еден у друг дуќан и толку, а старите дуќани со помалку продавачи, истото обезбедување, истата компанија за чистење и десетина души админстрација на газдите на центарот. Приказни за мали деца.
Инвестиција и 1000 работни места можеа да отворат Ауди, ако паметите кои пред 20 г сакаа да инвестираат и отворат погон за производство на Ауди 3 и тој да биде македонско национално возило. Ко вчера да беше пресот каде портпаролот на БЦ, да оној сенилен истрошен газобакнувач на власта изјави – ИМ РЕКОВМЕ НА АУДИ ДЕКА НЕ НИ ТРЕБА ВАША ФАБРИКА.
Да, ова е историја, вистина, после која Бернд Поселт, тогашен пратеник во Бундестагот беше гостин во мојата емисија Јади Бурек и тоа неколку пати и со многу разочарување и неверување говореше дека просто е несфатливо некој да одбие инвестиција од Ауди.
Господинот Поселт сега сфатливо му е како на оваа лажлива криминогена врхушка им е нормално тоа што за скоро 7 г не донесоа ниедна значајна инвестиција и натаму се потпираат на делата на претходната власт.
…И така, да завршам повторно со оваа инвестиција, Дајмонд, која не довршена, но секако дека е од корист на градов и е осудена да стане некаков иден лендмарк на Скопје, сакале или не.
Само едно прашање до новинарите – КАКО НИКОЈ НЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ЗА ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА?
Таа беше главен услов да се дозволи градба на комплексот?
Еве , навистина не знам што се случува, со оглед на мојата состојба немам директни контакти па јавно молам за инфо, а Лимак е преголема и пресериозна да забошти, но новинар е легитимно да праша.
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.