Од 22-24 март на Копаоник во Србија се одрза скијачкиот ЕУРОБАЛКАН КУП на кој учествуваа и македонски натпреварувачи во состав Виктор Петков, Влатко Анастасоски и помладиот Петков – Владимир.
Одличната форма и предходните добри резултати ги потврди со златен медал, Виктор Петков кој во слалом на ЕУРОБАЛКАН КУП го освои златниот медал.
Уште првиот ден, во дисциплината велеслалом, Виктор Петков го освои второто место, а останатите дваца преставници ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки.
И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија, Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Во оваа натпреварувачка сезона, Виктор Петков, од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари дури десет пати освојуваше пласман на пиедесталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.